Министерството за финансии го објави Извештајот за пријавени обврски по субјекти за период јуни 2022 година.
Со измените на Законот за финансисрање на единици на локална самоуправа што се изгласаа во вторникот во Собранието, продолжува процесот на децентрализација што значи дека во општините ќе оди поголем процент од данокот на личен доход и од данокот на додадена вредност место досегашните проценти. Имено, приходите на општините од данокот на личен доход кои досега изнесуваа 3 проценти, до крајот на 2022 година ќе се зголемат на 4 проценти, во 2023 на 5 и во 2024 година на 6 проценти.
Приходите од данокот на додадена вредност се зголемуваат од досегашните 4,5 проценти, на 5 проценти годинава, понатаму, на 5,5 во 2023 година, и ќе достигнат 6 проценти во 2024 година.
