HomeАктуелноМицкоски: На предвремените парламентарни избори кои следат коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има историски резултат

Мицкоски: На предвремените парламентарни избори кои следат коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има историски резултат

Благодарност до д-р. Шабан Салиу, претседател на Демократски сили на Ромите, која што е искрен и лојален партнер во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изминативе 4 и половина години откако сум јас претседател, но и претходно.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ценам дека сето ова кое заедно го сработивме резултираше најпрвин со две огромни победи на локалните избори и во првиот и во вториот круг и ценам дека на следните предвремени парламентарни избори ќе направиме историски резултат за нашата заедничка држава Република Македонија, во која што значаен дел ќе има и партијата Демократски сили на Ромите предводена од д-р. Шабан Салиу.

Уште еднаш, голема благодарност што ми е укажана ваква чест, да бидам дел од ова годишно Собрание на кое што се наоѓаат луѓето кои што ги претставуваат ограноците на партијата Демократски сили на Ромите.

Се надевам дека тоа што денеска ќе го разговараме и тоа што денеска тука ќе го слушнам ќе биде и од моја, но и од  корист на партијата Демократски сили на Ромите, предводена од доктор Шабан Салиу и од вакви настани можеме само да бидеме подобри, поквалитетни и да одиме напред.

Тоа е суштината на овие собири, на овие настани. Јас, еве ја користам оваа прилика да им посакам успешно годишно Собрание и уште многу заеднички победи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која што нераскинлив дел е партијата Демократски сили на Ромите и на Македонија.

 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.