HomeАктуелноМицкоски: Ниту скрининг има, ниту преговори има, вчера имаше само обична фотосесија

Мицкоски: Ниту скрининг има, ниту преговори има, вчера имаше само обична фотосесија

Ниту скрининг има, ниту преговори има. Тоа што тие го нарекуваат скрининг е мониторинг кој трае од првиот момент кога ние сме земја кандидат, од 2005 година, 17 години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на општина Бутел.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Мицкоски истакна дека можеби според власта тоа се нарекува скрининг, но нема врска и тоа е јасно покажано во документите кои ги потпишаа вчера.

– Ниту има преговори, ниту ќе почнат. Јасна е позицијата, за да почнат преговорите потребно е да се смени Уставот, според Заедничкиот став на Европската Унија, член 11 вели дека мора прво да се смени Уставот, односно да се вметне дел од бугарскиот народ во Преамбулата, па дури потоа да се одржи онаа вистинска меѓувладина која ќе почне да го води процесот на скрининг и отворање на кластерите и поглавјата, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека вчера имаше само обична фотосесија, а богами се заблажиле, видовме торти имаше таму.

– Така што отприлика тоа е што вчера  се случуваше. Албанија ќе преговара, а ние ќе седиме во чекалната, изјави Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.