HomeАктуелноМицкоски: Сите сили се мобилизирани – заедно и одлучно ќе се справиме со пожарите

Мицкоски: Сите сили се мобилизирани – заедно и одлучно ќе се справиме со пожарите

Вечерва се одржа итен состанок на Кризниот штаб поради сериозната ситуација со активните пожари што го зафатија повеќе региони низ државата. На состанокот беа донесени конкретни мерки и заклучоци за координирано и ефективно делување на сите надлежни служби.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Упатуваме искрена благодарност до Армијата на Република Северна Македонија, припадниците на МВР, како и вработените во Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нивната несебична ангажираност, пожртвуваност и надчовечки напори се од клучно значење за справување со огнената стихија.

Сите тимови се целосно мобилизирани, а поддршка пристигнува и од соседните општини и доброволци. Спасувачките и противпожарните единици работат без пауза, и покрај екстремните временски услови и непристапниот терен.

Целта е една: да се заштитат животите на граѓаните, нивните домови и природата. Институциите ќе направат сè што е во нивна моќ за оваа непогода да биде ставена под контрола во најкус можен рок.

Кризата бара заедништво, солидарност и одлучност. Повикот до граѓаните е да останат смирени, да ги следат официјалните упатства и да не излегуваат на загрозените подрачја.

Заедно и одлучно – ќе победиме!

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.