Младен Чадиковски доби втор мандат за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), одлучија новинарите на денешното редовно собрание.
Покрај Чадиковски, за претседал на ЗНМ се кандидираа и Марјан Николовски и Фиљана Кока.
На првото броење на гласовите, Чадиковски освои 229 гласови, Николовски 85 и Кока 40, по што колегите му честитаа на Чадиковски. Продолжува броењето на гласовите.
Покрај за претседател, членовите на ЗНМ гласаа и за Управен и Надзорен одбор, како и за нов состав на Советот на честа.
