HomeАктуелноМладите теквондисти со високи награди на ЕП во Хрватска, на гости кај Пецаков

Младите теквондисти со високи награди на ЕП во Хрватска, на гости кај Пецаков

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ги прими охридските теквондисти Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска кои освоија високи награди на Европското теквондо ИТФ првенство кое се одржа во месец март во Пореч, Хрватска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Младите спортисти како дел од македонската теквондо репрезентација се напреварувале во повеќе категории во конкуренција од 850 натпреварувачи од 24 држави.

На средбата градоначалникот Пецаков им честише за постигнатите успеси и во името на Општина Охрид им додели еднократна парична награда, како мотив за понатамошни спортски достигнувања.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.