HomeАктуелноМладо момче од Македонија се удави во Црна Гора

Младо момче од Македонија се удави во Црна Гора

На телото на момчето немало траги на насилство

Младо момче од Северна Македонија вчера попладне околу 18 часот се удавило на плажата „Утјеха“ во Црна Гора, јавува црногорскиот портал „приморски.ме“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Порталот пишува дека станува збор за 22-годишно момче кое вчера пристигнало во заливот помеѓу Бар и Улцињ каде требало да работи.

На телото на момчето немало траги на насилство, а причината за смртта ќе се утврдува дополнително. Обвинител, јавува порталот, наредил и обдукција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.