HomeАктуелноМФ: Денеска се одржува аукција на деветата еврообврзница

МФ: Денеска се одржува аукција на деветата еврообврзница

 Министерството за финансии соопшти дека денеска ќе се одржи аукцијата за деветата еврообврзница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Еврообврзницата требаше да биде издадена во февруари, но тоа не се случи поради административни процедури односно се чекаше потпис од новиот министер за правда. Од Министерството за финансии тогаш изјавија дека нова аукција ќе биде спроведена веднаш по изборот на новиот министер.

– Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда, информираа тогаш од Министерството за финансии.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.