Во рамки на проектот „Јавни ресурси, јавна одговорност“, Организацијата КАБ Струга 2017 продолжува со проектните активности. Преку акредитирани набљудувачи од страна на Државната изборна комисија, организацијата го набљудуваше изборниот процес во првиот круг на локалните избори, одржани на 19.10.2025 година, во општините Струга, Дебар и Центар Жупа.
Ангажманот за набљудување ќе продолжи и во вториот круг во општините Струга и Дебар, додека во Општина Центар Жупа нема да се одржи втор круг на гласање поради непостигнување на потребниот цензус.
Преку овој процес се има за цел да се открие и спречи евентуалната злоупотреба на јавните ресурси од страна на општините и општинските претпријатија, придонесувајќи кон транспарентен, правичен и еднаков изборен процес.
Проектот е дел од пошироката иницијатива финансирана од Владата на Обединетото Кралство со поддршка на Британската амбасада во Скопје, како и на „Програма за поддршка на изборите“ на Швајцарската програма за соработка во Северна Македонија, имплементиранa од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Мислењата и содржините претставени во ова соопштение не ги одразуваат мислењата на донаторите или на ИФЕС.
