HomeАктуелноНамалена видливост на планинскиот премин Стража поради магла

Намалена видливост на планинскиот премин Стража поради магла

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража, соопшти АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.