На 05.07.2022 во 23.05 часот во СВР Охрид, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир, случено во охридското село Долно Лакочереј со физички напад извршен од С.С. и Н.С. врз Н.М.(19), сите од истото село. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
