Во периодот од 2 до 6 декември 2024 година, наставници од ООУ „Кочо Рацин“ зедоа учество на петдневна обука во Рим, Италија, организирана во рамки на програмата Еразмус+. Обуката беше на тема „Интерактивни ИКТ и веб-алатки за поефикасно комбинирано, превртено и тимско учење“, во организација на Enjoy Italy, под водство на обучувачот Аlessandro Gariano.
Учесници на обуката беа наставниците: Наум Јанкулоски, Александра Рошкоска, Елена Китески, Јованка Анѓелкоска, Татјана Лошкоска и директорката Славица Котеска.
Во текот на обуката, наставниците се запознаа со современи дигитални алатки и иновативни методи кои овозможуваат наставата да стане поинтересна, поангажирана и поблиска до учениците. Дел од активностите на обуката опфатија:
- создавање интерактивна дигитална содржина;
-
користење на алатки од областа на виртуелната реалност и онлајн платформи за учење;
-
развивање вештини за комбинирано, превртено и кооперативно учење со интеграција на технологијата;
-
разгледување на добри практики за тоа како ИКТ може да ја зголеми мотивацијата, учеството и претприемничкиот дух кај учениците.
Во рамки на обуката, наставниците го посетија и првиот музеј за училиште и образование во Италија, каде што имаа можност да се запознаат со значајни експонати и материјали од историјата на образованието. Посетата понуди нови сознанија и инспирации за модернизирање на наставата преку поврзување на минатото со иднината.
Споделување на знаењето со колегите
На 19 мај 2025 година, учесниците на оваа обука одржаа работилница за своите колеги во училиштето. Тие ги презентираа научените алатки и методи од Рим, и на практичен начин покажаа како современата технологија може да го трансформира наставниот процес. Присутните наставници активно се вклучија во работилницата, имаа можност самите да ги испробаат алатките, да разменат искуства и да добијат нови идеи за примена во сопствената настава.
На крајот на настанот, сите учесници добија потврди за учество, а работилницата помина во позитивна, мотивирачка и креативна атмосфера.
Овој настан претставува дел од континуираните заложби на ООУ „Кочо Рацин“ за унапредување на квалитетот на наставата преку интеграција на модерни технологии и зајакнување на европската соработка.
Продолжуваме да учиме, споделуваме и иновираме – за подобро образование за сите!
