Недела | 07.12.2025
Дојде времето за долгоочекуваниот кошаркарски спектакл! Оваа недела ќе се одржи големиот 3×3 баскет турнир, исполнет со адреналин, забава и вистинска спортска магија.
Старт на турнирот е од 15:00 часот.
Први на терен излегуваат нашите најмлади кошаркари во ревијален дел, поделени во три категории: М12, М14 и М16. Нивниот ентузијазам и борбеност ќе ја отворат кошаркарската атмосфера на најдобар можен начин.
После ревијалниот дел, започнува вистинската баскет акција кога ќе се натпреваруваат 12 екипи поделени во две групи.
Полуфиналните и натпреварите за трето и прво место се закажани за од 20:00 часот.
Очекуваме многу забава, многу изненадувања, дружење, украдени топки, забивања, невозможни пасови и вистинско шоу!
Турнирот е во организација на ЈП Билјанини Извори и КК Колибри а со поддршка на Општина Охрид.
Ве очекуваме да уживаме заедно во најмасовниот спорт во светот, баскет 3×3!
Да создадеме атмосфера што ќе се памети! Ве очекуваме!
