Најбогатото куче на светот живее на неверојатен начин, во гламур и луксуз. Тој наследил огромно богатство за кое многу луѓе сонуваат.
Најбогатото куче на светот, Гантер IV ужива во луксузниот живот за кој сонуваат многу луѓе. Титулата за најбогато куче на светот му ја донесе наследството на неговиот татко Гантер III, исто така германски овчар.
Во 1992 година, Гантер III наследил околу 80 милиони долари од неговата покојна сопственичка, германската грофица Карлота Либенштајн. Бидејќи грофицата Либенштајн немала деца или роднини на кои би им го оставила своето богатство, нејзиниот миленик Гантер III бил единствениот наследник на големото богатство.
Од смртта на грофицата Либенштајн, Карла Ричители е назначена како еден од главните чувари на Гантер IV која управува со сите негови наследени пари. Создадена е корпорација под името “The Gunther Corporation“ за кучето да биде сигурен и максимално обезбеден.
Ова среќно куче не само што ги добило парите на својот татко Гантер III, туку и наследил замок во Мајами, кој некогаш бил во сопственост на Мадона, купен за 7 милиони долари.
![]()
KURIR.RS
