HomeАктуелноНајмалку едно лице загина при ракетирање на Запорожје

Најмалку едно лице загина при ракетирање на Запорожје

Украинските власти соопштија дека јужниот град Запорожје утрово е погоден од руски проектили, при што едно лице загинаа, а тројца се повредени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Руските сили наводно истрелале четири проектили, од што еден бил пресретнат. Во нападот оштетени се трговски центар и најмалку 62 куќи.

Голем дел од руската офанзива е фокусирана на источна Украина, но руските сили контролираат дел од големиот регион Запорожје, вклучително и голема нуклеарна централа на јужниот брег на реката Днепар.

Според украинските власти, Русија распоредила три тактички групи во својата касарна во Василивка, лоцирана на околу 50 километри јужно од Запорожје, но сè уште не е познато дали е планирана офанзива врз градот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.