HomeАктуелноНајмалку осум загинати во семејна кавга поради спор околу земјиште

Најмалку осум загинати во семејна кавга поради спор околу земјиште

Најмалку осум лица загинаа во престрелка во Турција по спор за сопственост на земјиште меѓу две семејства во југоисточната провинција Дијарбакир, пренесе ДПА повикувајќи се на Анадолија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Уште три лица со повреди и се пренесени во болница. Полицијата презеде безбедносни мерки во селото Серчелер во областа Бисмил, изјави гувернерот на Дијарбакир, Али Ихсан Су.

Турската телевизија 24 објави снимка од пожар на спорното поле, додека на местото се испратени пожарникарски екипи. Семејствата го запалиле земјиштето, соопшти телевизијата.

Во инцидентот кој бил како „масакр“ наводно се пукало од пиштоли и пушки, а властите трагаат по осомничените, додаде ТВ 24.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.