HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Бугарскиот клуб во Охрид повторно оштетен, имало и пукање со огнено оружје

НАЈНОВА ВЕСТ: Бугарскиот клуб во Охрид повторно оштетен, имало и пукање со огнено оружје

На 23.11.2022 година во 19.12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што,  утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид  по чии насоки се преземаат мерки за  расчистување на настанот, додава Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.