HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Гевгелија и Струмица ги стресе земјотрес од 5,1 степени, што вечерва ја погоди Грција

НАЈНОВА ВЕСТ: Гевгелија и Струмица ги стресе земјотрес од 5,1 степени, што вечерва ја погоди Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, попладнево на 3.11.2024 година регистрираше серија на земјотреси чии епицентри припаѓаат на територијата на Грција.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 3.11.2024 година регистрираше серија на земјотреси чии епицентри припаѓаат на територијата на Грција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, два од земјотресите се почувствувани на територијата на Македонија и тоа, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.