Голем пожар избувна денеска околку на отворено на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, каде поминува линијата од фронтот од Првата светска војна и во којшто досега експлодираа најмалку четири гранати од Прва светска војна, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Денеска околу пладне изби голем пожар помеѓу Богданци и Дојран, велат од ЦУК.
Пожарот се наожа во атарот на селото Селемли но поминува преку линијата од фронтот од Првата светска војна, линија на којашто има многу заостанати минско експлозивни неексплодирани средства.
Во текот на овие два часа колку што е пожарот активен слушнати се најмалку четири силни експлозии.
