HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Еве кои броеви ги добија партиите на избирачкото ливче за локалните избори

НАЈНОВА ВЕСТ: Еве кои броеви ги добија партиите на избирачкото ливче за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е со број 5.

Ова е листата со редни броеви под кои ќе се најдат партиските кандидати за градоначалници на претстојните локални избори:

1.Искуство за успех

2. ЗНАМ

3. Демократска партија на Србите

4. Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ

5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ

6. Левица

7. Коалиција Влен

8. Коалиција за Зелена иднина

9. Коалиција „Твоја Македонија“  – ВМРО-ДПМНЕ

Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.