HomeАктуелно(НАЈНОВА ВЕСТ) Повредени околу 20 лица при судир на два автобуси во Прилеп

(НАЈНОВА ВЕСТ) Повредени околу 20 лица при судир на два автобуси во Прилеп

Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.

Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.