Вечерва се случи сообраќајна несреќа во близина на основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид дознава редакцијата на powerinfo.mk
На местото на настанот има прекин на сообраќајот а на местото на настанот увид врши и увидна екипа од СВР Охрид, колоната на возила е долга а невремето што вечерва го зафати градот дополнително ја отежнува работата на полицијата.
Подетални информации очекуваме во текот на вечерта од страна на надлежните инститиции.
Имено, за само три дена ова е втора сообраќајна несреќа на оваа улица.
Е.Р
