ЈП “Билјанини Извори” по повод големиот христијански празник “Велигден” донесе одлука на ден 24. 04. 2022 година (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници, соопшти јавното претпријатие.
ЈП “Билјанини Извори” им посакува на сите граѓани на Охрид, Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба. – стои во соопштението.
