HomeАктуелноНа ГП Табановце се чека околу 40 минути, на Богородица околу 30 минути

На ГП Табановце се чека околу 40 минути, на Богородица околу 30 минути

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце за влез во земјава се чека околу 40 минути, а на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.