HomeАктуелноНа ГП Табановце се чека 30 до 45 минути

На ГП Табановце се чека 30 до 45 минути

– Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу 30 до 45 минути, соопшти Автомото сојузот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На останатите гранични премини, од македонска страна, како што посочуваат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.