Охридскиот Архив во соработка со Општина Охрид и градоначалникот д-р Кирил Пецаков, во координација со проф. Наум Аслимоски ќе престави дел од архивскиот фотографски материјал по повод „Охридскиот Маратон“, објавија од Државниот архив на Република Македонија.
– Во четврток на плоштадот „Табана“, кај Долна порта ќе има презентација на пливачите, ќе има изложба на стари фотографии и проекција на документарен филм „Охридски пливачки легенди“. Овие содржини во петок ќе може да ги погледнат децата од основните и средните училишта во Центарот за култура „Григор Прличев“. В сабота, покрај маратонот, ќе има и работилница со децата од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и УНДП, а темата е „Заеднички перспективи-младите за Охридското Езеро“, а ќе настапи и ансамблот „Билјана“, потенцира на денешната прес конференција на која беа објавени деталите за одржувањето на маратонот Ристе Јанкоски, претседател на организациониот одбор на маратонот.
35-то издание на традиционалниот Охридски пливачки маратон ќе се одржи в сабота, на 10-ти септември.
По неизвесноста околу неговото одржување годинава, сепак на патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид, во должина од 25 километри, ќе пливаат осум натпреварувачи во машка и женска конкуренција, од пет земји. Покрај трката ќе има и допоплнителни содржини, во насока на збогатување на понудата и враќање фото: Државен архив на Република Македонија
