HomeАктуелноНа Попова Шапка снежната покривка изнесува 90 сантиметри

На Попова Шапка снежната покривка изнесува 90 сантиметри

На Попова Шапка има снежна покривка од 90 сантиметри, во Маврово 21, а 11 во Крушево, соопшти УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 54 литри на квадратен метар, во Куманово 43, Тетово 37, Битола 31, Скопје 24 литри.

Најниска температура од -2 степени изутринава е измерена на Попова Шапка, -1 Маврови Анови, во Скопје 7, а најтопло е во Гевгелија и Демир Капија со 8 степени.

Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат, а во западните делови ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.