HomeАктуелноНа ФТУ слободни места за 347 студенти, на УНИТ „Св. Апостол Павле“ за 440, првиот уписен рок на крај на август

На ФТУ слободни места за 347 студенти, на УНИТ „Св. Апостол Павле“ за 440, првиот уписен рок на крај на август

На крајот на август е првиот уписен рок за студентите во новата академската 2022/2023 година. На охридските факултети има слободни места за упис на 347 студенти на Факултетот за туризам и угостителство и 440 студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Првиот уписен рок на идните студенти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е на 29 и 30 август. Вториот уписен рок е на 14 и 15 септември, додека третиот на 26 септември. Слободни има вкупно 347 места во државната квота, како и во квотите со ко-финансирање и вонредни студии.

Идните бруцоши на ФТУ можат да бираат помеѓу студиски програми: туризам каде има слободни 80 места, осигурување – 63, хотелско ресторански менаџмент – 32, царина и шпедиција – 68, гастрономија – 24, менаџмент во услужниот сектор – 48, студиска програма по англиски јазик во смерот туризам – 16 и во смерот царина и шпедиција – 16.

Според објавениот конкурс, ФТУ -Охрид во редовната државна квота ќе се запишат 170 студенти кои ќе партиципираат со по 200 евра. Во редовната квота со кофинансирање во висина од 400 евра ќе можат да се запишат 111 студенти, а вонредно ќе можат да студираат 66 студенти. За тоа тие ќе треба да одвојат 400 евра.

Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на 1.09.2022, додека за вториот и третиот уписен рок на 19.09 и на 27.09.2022.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид има место за упис на 440 студенти во студиската 2022/2023 година.

Компјутерски науки и инженерство 31 студент со три години студии во државна, квота со ко-финансирање и вонредна, додека 49 со четири години студии. Комуникациски мрежи и безбедност 31 студент со три и 49 студенти со 4 години студии во трите квоти.Машинска интелигенција и роботика 26 студенти со три и 44 со четири години студии.Применети информатичко-комуникациски технологии (Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура) три годишни студии има место за 50 студенти, во трите квоти. Информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника – 31 со три годишни студии и 49 со четири годишни студии. Информациски и комуникациски системи за бизнис и менаџмент четири годишни студии – 80 студенти.

Првиот уписен рок и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид во учебната 2022/2023 година, е на 29, 30 и 31 август,  вториот уписен рок на 19 и 20 септември, додека третиот на 28 септември.

Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на 5.09.2022, додека за вториот и третиот уписен рок на 22.09 и на 29.09.2022 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.