На 31 – јули во село Луково ќе се одржи 54-то издание на манифестацијата „Долнодримколски Илинденски Средби“ – Луково 2022 година. Свеченото отварање е закажано за 29-ти јули со богата културно уметничка програма на која ќе настапат музичките уметници Виданка Георгиева и Мирослав Мирчески.
Организаторите ја покануваат јавноста на дружба, рекреација и забава.
Фудбалските натпревари ќе се играат на 31-ви јули, додаваат организаторите.
Е.Р
