HomeАктуелноНеделков: Честитки за сите штрајкувачи кои имаат верба, успехот е неизбежен

Неделков: Честитки за сите штрајкувачи кои имаат верба, успехот е неизбежен

Штрајкот во образованието продолжува, вчера министерот за образование Јетон Шаќири ги повика наставниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на настава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Приоритет е враќањето на учениците во школските клупи, додава Шаќири, истовремено ветувајќи покачување на платите, но не без да прецизира за колку.

Утрово на својот Фејсбук профил повторно се огласи претседателот на СОНК, Јаким Неделков, упатуваќи порака до штрајкувачите:

„Петти ден од штрајкот на СОНК. Последен работен ден во неделата.Честитки за сите штрајкувачи кои имаат верба и самодоверба во себе и во СОНК. Овојпат правите нешто посебно за себе, за семејството, за дејноста. На крајот ќе бидете горди и со исправена глава ќе можете да кажете дека – ,,Да, јас дадов придонес за враќање на достоинството на професијата”.Успехот е неизбежен!“.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.