Неколку лица повредени во синоќешната сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Струга.
Три лица се повредени во тешката сообраќајна незгода која синоќа се случи на магистралниот пат Охрид-Струга, во непосредна близина н бензинската станица „Бесјани“.
Во незгодата која се случила околу 19:00 часот учествувале камион со албански национални ознаки и патничко моторно возило со охридски регистерски ознаки.
Повредените се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Од СВР Охрид повеќе детали за незгодата најавуваат за денеска.
