HomeАктуелноНестабилно време со пороен дожд и грмежи!

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи!

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (од 10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од УХМР информираа дека во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневната температура.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.