HomeАктуелноНиколоски: Лошото планирање ја закочи изградбата, новиот проект конечно го стабилизира автопатот Кичево–Охрид

Николоски: Лошото планирање ја закочи изградбата, новиот проект конечно го стабилизира автопатот Кичево–Охрид

Преку изградба на така наречени градежни галерии, целосно ќе го стабилизираме земјиштето на клучните сегменти од изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Станува збор за голем градежен и иновативен зафат од 14 галерии, нешто што го нема во целиот регион, истакна во интервју за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за еден од клучните инфраструктурни проекти во државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Станува збор за најтешкиот дел од автопатот. Се работи во планина, со земјиште кое што за жал се движи цело време и тешко се стабилизира бидејќи е хетерогено и има многу вода. Вториот проблем е што станува збор за височини од 900 до 1.200 метри надморска висина и единствениот начин тоа да се реши се со овој иновативен метод кој што го воведовме со изградба на галерии за стабилизација на земјиштето. Станува збор за два вида на проекти, едниот е со видливи галерии, а вториот кај селото Ботун со внатрешна стабилизација на земјиштето или ќе се влегува внатре од 12 до 16 метри во земјата, нешто што е направено и дизајнирано од македонски експерти и ќе биде изведено од македонски компании, рече Николоски.

Како причина што доведе ова автопатско решение да се гради толку долго, Николоски го наведе лошото планирање во минатото, потенцирајќи дека тоа и дополнителното стопирање на проектот од претходните власти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.