Нова сообраќајна несреќа на македонските патишта. Според неофицијални информации станува збор за сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, додека несреќата се случила во скопско Радишани. На местото на несреќата интервенира и итната медицинска помош, додека увид врши екипа од МВР. Подетални информации очекуваме од страна на надлежните институции.
