Денес, РКЕ ќе стокми нови цени на горивата во Македонија кои ќе важат од утре.
Ваква одлука се носи најмалку еднаш неделно, односно првиот работен ден во неделата.
Во моментов на светските берзи нафтата од типот брент е на висина од 92 долари за барел, што е покачување во однос на претходната недела, а поради новото воено жариште на Блискиот исток.
Во моментов инаку горивата се точат по следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 80 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 82.5 ден/л
