HomeАктуелноНови дојави за бомби во скопски училишта

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на четири средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Станува збор за училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“, потврдија за МИА од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

МВР завчера доби пријави од девет училишта на територија на градот дека на нивните електронски адреси добиле порака со закана за поставена бомби, каде по завршените антитерористички проверки беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Девет училишта и минатата недела неколку дена по ред на нивните електронските адреси добиваа дојави за бомби, кои по проверката од страна на МВР се потврди дека се лажни.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.