HomeАктуелноНов скандал ја треси јавноста со случајот „Онкологија“ – На Онкологија се лечеле Косовари со македонско државјанство на товар на Фондот

Нов скандал ја треси јавноста со случајот „Онкологија“ – На Онкологија се лечеле Косовари со македонско државјанство на товар на Фондот

Катастрофалното работење на Клиниката на онкологија секој ден се потврдува со нови скандали. Она што најново шокира е признанието на доктор на Клиниката за онкологија, кој во интервју кажа дека косовски државјани се лечеле како македонски државјани.
Односно, истиот државјанин на Косово во брза постапка добивал македонско државјанство и здравствено осигурување за да се лечи на Клиниката на онкологија. После ова признание од доктор, бараме ОДГОВОР од министерот Оливер Спасовски  по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово, велат организаторите.
Како непартиска иницијатива, бараме целосно расветлување на овој скандал и кои лица биле инволвирани во давањето државјанства на жители на Косово, како и колку штета е предизвикана на Фондот на здравство. Продолжуваме со протести секој понеделник – од 18 часот пред Влада! – стои во објавата на организаторите.
Имено, ова е трет протест за случајот „Онкологија“. Првиот се одржа на 4 септември, а вториот на 11 септември.
Е.Р
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.