HomeАктуелноНуркачи од земјава и региониот го чистат дното на Охридското Езеро

Нуркачи од земјава и региониот го чистат дното на Охридското Езеро

Нуркачи од земјава и од регионот денеска го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад во рамките на проектот „Охрид еко 2022“ во организација на нуркачкиот центар „Амфора“. Акцијата е финансирана од Општина Охрид, со поддршка на лоланиот бизнис сектор.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Претседателот на „Амфора“ Јован Секулоски пред почетокот на акцијата информираше дека ќе се чисти езерското дно кај авто кампот „Градиште“, Музејот на вода и Градското пристаниште.

– Најмногу отпад на езерското дно има онаму каде што гравитираат најголем број туристи. Цврст отпад, сите видови градежен шут, лименки, метални предмети, пластика …Најмногу загадено е градското пристаниште, но и сите места каде што се рекреираат туристите, изјави Секулоски.

Забележа дека низ годините состојбата се подобрува, односно дека е подигната свеста и влијанието кон пошироката јавност има ефект.

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков смета дека е недозволиво, како што рече, во овој прекрасен езерски басен за кој научниците тврдат дека е стар околу три милиони години и во кој живеат ендемични видови растителен и животински свет да се исфрла најразличен отпад.

– Затоа е потребно да се организираат повеќе вакви акции, кои може да придонесат за подигање на еколошката свест кај населението за поголема грижа за Охридското Езеро и околината која го опкружува. Охридското Езеро е нашиот најголем бисер, нашата најголема гордост. Ние имаме привилегија да поседуваме една ваква уникатна убавина, која е препознаена и запишана како светско природно наследство и затоа треба да вложиме максимални напори за да ја сочуваме за идните генерации, нагласи Пецаков.

За Мирко Бевења, нуркач од соседна Србија фрлањето отпад во езерото е голема штета. – Треба да се покрене свеста кај луѓето да ја чуваат природата и она што имаат, а ние ќе помогнеме да го извадиме она што несовесните луѓе го оставиле, истакна Бевења.

Хрватскиот нуркач Роберт Калањ не е изненаден од она што се наоѓа на дното од Охридското Езеро, бидејќи со слична состојба се соочувале и со Јадранското море, каде жителите фрлале многу отпад.

Иван Јариќ, пак нуркач од Дубровник смеат дека секој треба да тргне од својот дом и да чисти зад себе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.