Утре во Касарна Хаб со почеток во 18 часот, Зоран Стојковски ќе одржи презентација за обезбедување грант за бизнис идеи.
Вашите идеи претворете ги во предлог проект со кој ќе обезбедите грант поддршка од програми на ЕУ, УСАИД, СДЦ, амбасади или приватни или корпоративни фондации, велат од Касарна Хаб.
Додаваат дека Стојковски има големо искуство во развивање на предлог проекти за финансирање од ЕУ (ИПА II, Еразмус +, програми за прекугранична соработка, Хоризонт Европа, Креативна Европа, ЕИДХР, итн.), УСАИД, SDC, како и ФИТР и други домашни донатори и програми.
До сега има обезбедено грантови од над 20 милиони евра, а е искусен извршен раководител во областа на развојните практики и консултант за организациски развој, со над 25 години искуство во меѓународни и локални програми за регрантирање и организациска поддршка во Македонија и Југоисточна Европа, велат.
Покрај тоа, потенцираат, тој поседува долгогодишно искуство во услуги за фацилитирање и обуки во областа на институционалниот развој и организациската одржливост, како и во областа на развојот на филантропијата и социјалното претприемништво.
Во периодот од 1998 година до денес, има одржано повеќе од 500 обуки со над 3000 часови обуки во областите на „Стратешко планирање“, „Управување со циклус на проекти“ и „Собирање средства и финансиска одржливост“. „Социјално претприемништво“, „Бизнис планирање“, „Застапување и лобирање“, „Градење тим и ефикасна комуникација“, и др.
