На 01.08.2022 во 03 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Д.С.(38) од Охрид, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тој, претходно на улицата „Петрино“ во Охрид, физички ги нападнал К.Д.(22) и С.Р.(19) двајцата од Охрид а потоа ги нападнал и полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.
