По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денес Порака Нова заедно со Енхелеус Лихнид – Enheleus Lihnid и во соработка со останатите локални организации Здружение на глуви и наглуви Охрид, Здружение на глуви и наглуви Струга, Тајните на моето срце, Здружение на слепи Охрид, ООУ со центар за поддршка св Климент Охридски Охрид, ООУ со Центар за поддршка Браќа Миладиновци Струга, ВОПС Поддршка Охрид, оваа година ќе го одбележат со низа активности кои имаат за цел да ја подигнат свеста и ќе ја зајакнат можноста за обезбедување на еднакво учество во општеството во кое сите сме дел, информираат од Порака Нова.
Активностите во склоп на настанот вклучуваат еколошка акција, музички перформанс и работилница за вмрежување на организациите кои работат со лица со попреченост, со цел да се зајакнат капацитетите на самите организации, како и да се дадат нови и свежи идеи кои ќе работат на решавање на проблемите со кои се соочуваат организациите, додаваат од Порака Нова.
Активностите ќе бидат реализирани во просториите на Касарна Хаб.
