HomeАктуелноОдржана богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје

Одржана богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17 се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вечерната молитва беше проследена со литија околу централното градско подрачје.

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Овој празник се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.