HomeАктуелноОдрони на патот Демир Хисар – Кичево, сообраќајот се одвива по една лента

Одрони на патот Демир Хисар – Кичево, сообраќајот се одвива по една лента

Поради одрони од поголеми карпи на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево во близина на рибникот Белица, од утрово во 06:15 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива само на една коловозна лента.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.