HomeАктуелноОд вторник ќе се санираат свлечиштата кај Глобочица и Луково

Од вторник ќе се санираат свлечиштата кај Глобочица и Луково

Од вторник започнуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар информираат од АМСМ според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци, се додава во соопштението. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.