HomeАктуелноОд денеска повторно во функција сообраќајниот влез во Битола од правец на Ресен

Од денеска повторно во функција сообраќајниот влез во Битола од правец на Ресен

Општина Битола информира дека заврши асфалтирањето на улицата „Довлеџик“, со што повторно во употреба е западниот сообраќаен влез во градот од Ресен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што е познато викендов во Битола се асфалтираше улицата „Довлеџик“ на потегот од крстосницата со улицата „Големо Езеро“ до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде пуштена за сообраќај со што завршува обврската за влез во градот по обиколницата од страната на Прилеп.

Со комплетната реализација на проектните активности предвидени за овој дел на градот кои опфаќаат и реконструкција на мостот, Битола ќе добие нов современ булеварски влез од страната на Ресен, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.