HomeАктуелноОд засега непознати причини 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште – Наставниците во Македонија добија упатство за ризиците од Тикток

Од засега непознати причини 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште – Наставниците во Македонија добија упатство за ризиците од Тикток

11 годишен ученик од 6-то одделение кој учел во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, вчера околу 14.35 часот паднал од прозорецот од вториот кат на училиштето за време на големиот одмор. Од училиштето преку соопштение истакнаа дека веднаш по известувањето за случката службите заминале на местото на несреќата и ученикот бил во контактибилна состојба, свесен временски и просторно. Директорката потенцира дека  ученикот бил веднаш пренесен со Итна помош прво во прилепската болница, а потоа бил направен негов трансфер на клиниките во Скопје каде заминале и таа и класниот раковидел на ученикот. Откако биле информирани дека детето е добро и надвор од животна опасност се вратиле во Прилеп.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Итната помош во Прилеп рекоа дека поради сериозноста на повредите било пренесено на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Според директорот на Клиниката за детска хирургија Лазе Јовчевски, детето било примено во болницата во текот на вчерашното дежурство, а денес тоа се наоѓало на интензивна нега, во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Увид веднаш извршиле и екипите на ПС Прилеп.

Во Одделението за внатрешни работи Прилеп, од страна на лекар од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки повреди е донесено 11 годишно дете од Прилеп, според пријавеното 11 годишниот малолетник се здобил со повредите при пад од третиот кат на училиштето каде што учел. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, додаваат од СВР Битола.

Според јавното обвинителство во Прилеп во моментов се работи на случајот и според првичните сознанија станува збор за несреќен случај, но сепак истрагата треба да покаже како дошло до падот на детето од прозорецот.

Случајот и понатаму останува неразјаснет за јавноста за тоа дали станува збор за тик-ток предизвик или несреќен случај.

Имено, наставниците добија упатство за ризиците од Тикток.

Тик ток предизвиците кои завршуваат и фатално по животите кај тинејџерите во Македонија, министерството за дигитална трансформација изработи упатство до сите наставници и во основните и во средните училишта за како да се справат, но и да им укажат на учениците како правилно да ги користат, но и како да ги избегнат ризиците.

Упатсвото ќе биде достапно и за родителите на веб страната на министерството, со совети како да се ограничи пристапот до некои апликации коишто сметаат дека се штетни за нивните деца. Послениот чекор кои не се исклучува е и целосна забрана за Тикток во Македонија.

Сајбер нападите пак, кои изминативе години беа се поприсутни во Македонија, како закани за бомби во училишта и институции, хакирање на веб страни на министерства, сега ќе се решаваат преку Стратегијата за сајбер безбедност која денеска помина на Владина седница.

Досега за сајбер напади немаше никој надлежност, од сега министерството за дигитална трансформација ќе биде задолжено за мониторингот и проценка на истите.  Македонија три години немаше стратегија за сајбер безбедност.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.