HomeАктуелноОд СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила

За овој продолжен викенд и за Велигденските празници засилени полициски контроли во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што велат од полицијата ќе бидат вклучени и мобилните електронски камери кои ќе бидат поставени на сите оние места каде се очекува зголемена фреквенција – и на сообраќајниците кон туристичките локалитети.

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за зголемена безбедност во сообраќајот.

Пред стартот на летната сезона пак се очекува да бидат поставени над 40 сообраќајни камери кои ќе бидат дел од современиот систем за надзор Безбеден град наменет за детекција на прекршоци и зголемување на сообраќајната дисциплина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.