HomeАктуелноОд 1 Јули зголемување на сите пензии за 11 отсто

Од 1 Јули зголемување на сите пензии за 11 отсто

Бугарската Влада одлучи од 1 Јули пензиите во државата да бидат зголемени за 11 отсто.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој потег се презема согласно швајцарско правило за сите пензионери, најави Деница Сачева од пратеничката група на ГЕРБ на заеднички брифинг со владините формации.

Таа додаде дека ќе се задржи дефицитот од 3 отсто, а еврозоната ќе продолжи да биде приоритет.

Одлуката е реакција на тензиите во коалицијата што настанаа при првично усвојување на буџетот од Советот на министри, јавија бугарските медиуми.

Првичниот предлог за зголемувањето на пензиите во Бугарија беше за два начина – пензионерите со пониски пензии се очекуваше од 1 јули годинава да добијат зголемување од 11 отсто, додека оние со повисоки да добијат зголемување што ќе го надмине растот на инфлацијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.