HomeАктуелноОние што возат пијани во иднина ќе останат и без возачка и без возило, нови правила во сообраќајот?

Оние што возат пијани во иднина ќе останат и без возачка и без возило, нови правила во сообраќајот?

Сообраќајните казни ќе останат исти, но оние кои ќе возат брзо, под дејство на алкохол и без возачка дозвола ќе останат без возило. На безобѕирните прекршители ќе им се конфискуваат автомобилите, ова го најави министерот за внатрешни од граничниот премин Табановце. Возилата кои ќе ги одземат ќе се донираат на државни институции и ќе бидат ставени во служба на граѓаните. Новите мерки ќе стапат на сила со измените на Кривичниот законик и законот за прекршоци. Со овие мерки но и активирање на сејф сити системот вели ќе може да се намали црната статистика во сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Една од најчестите причини поради која се случуваат сообраќајни несреќи е токму заморот кој особено влијае на возачите во летниот период. Преку кампањата вози одморен министерот и претседателот на РСБСП ги потсетија возачите на ризиците од замор, ненаспаност и намалена концентрација.

Во текот на летниот период на овој граничен премин дневно минуваат повеќе од 50 000 возила.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.