Имајќи го предвид најавеното зголемување на температурите кои според УХМР ќе достигнат и над 40°C од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и насоките дадени од надлежните институции за одговорно однесување на отворен простор.
Воедно, уште еднаш упатуваме силен апел до граѓаните за внимателност затоа што и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери, а доколку забележат сомнително однесување од одредени лица или видат чад или оган на отворено веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број во ЦУК – 112, споделија надлежните.
До 14:00 часот денеска се евидентирани вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 2 се под контрола и 1 е изгаснат.
Од Македонското еколошко друштво пак, велат дека ситуацијата со пожарот во паркот на природата Езерани останува критична!
Пожарот се приближува до околните населени места и потребна е одлучна и координирана интервенција, споделија пред малку на социјалните мрежи.
